Момците од Јуниор Кисела вода „броеја километри“ на Кејот на Вардар (ФОТО)

Новиот суперлигаш, Јуниор Кисела вода стартот на подготовките за новата сезона го имаше на Кејот на Вардар. Момците кои сезонава ќе настапуваат одработија го одработија првиот тренинг на отворено, а во зависност од временските услови ќе се подготвува и планот за следните денови.

На почеток сите ракометари на кои се смета беа на тренинг така што тренерот Благојче Весиќ имаше можност да ги стартува подготовките во комлетен состав.

„Сите ракометари почнаа со работа. Комплетни сме од старт така што ќе можеме да продолжиме да го спроведуваме планираното. Како што и пртходно најавивме тренинзите ќе ги одработиме во Скопје на отворено, во теретана и во салата Круме Кепески“, вели тренерот на Јуниор Кисела вода, Благојче Весиќ.

Тимот на Јуниор Кисела вода е дебитант во Супер машката лига, а влегува со амбиции за опстанок, но и доколку постои можност да се вмеша во битката за пласман во плеј-офот.