Момците на Лазаров ќе играат на стадион пред 55.000 гледачи!

Првиот натпревар на Европското првенство во 2024 година во Германија, Македонија ќе го одигра против олимпискиот првак Франција.

Тој ќе се одигра на 10 јануари на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф, а доколку биде исполнета до крај (54.600 капацитет), тоа ќе биде рекорден број гледачи пред кои некогаш играла македонската репрезентација.

Вториот и третиот натпревар на континенталниот собир, Македонија ќе ги игра во Берлин, во „Мерцедес Бенц Арена“.

Дуелот против Германија е закажан на 14 јанаури, додека третиот и последен од групната фаза ќе биде одигран на 16 јануари.