Момир Рниќ замина од Металург, ќе игра за Пролетер Зрењанин

По само една година помината во Македонија и во Металург, Момир Рниќ се враќа во српскиот ракомет.

33-годишниот лев бек ќе настапува во Пролетер Зрењанин, со кој ќе игра во најквалитетната конкуренција во северниот сосед, пишува „Журнал“.

Ова ќе биде негов трет мандат во тимот од Зрењанин, а токму тука ја започна и неговата професионална кариера.

Потоа играше за Горење и Целје во Словенија, пред да замине во Бундес лигата, каде ги носеше дресовите на Гепиген, Мелсунген и Рајн Некар Левен.