„Моите играчи го оставаат срцето на терен, фокусот ни е само на Македонија“

Репрезентацијата на Аргентина на двата воведни натпревари на Светското првенство 2023 беше поразена од Холандија, односно Норвешка.

Селекцијата од Јужна Америка својата шанса за пласман во следната фаза ќе ја бара во денешниот дуел со Македонија.

Селекторот на Аргентина, Гиљермо Милано истакна дека е половично задоволен од прикажаното на неговите избраници во дуелот со Норвешка, истакнувајќи дека македонската селекција има шанси да не ја помине групната фаза.

„Сакаме да им честитаме на ракометарите на Норвешка, тие се репрезентација на која и се восхитуваме поради дисциплината и високото ниво на игра, но сакам да им честитам и на моите играчи бидејќи во секоја акција го оставаа срцето на терен. Фокусот ни беше да го подобриме лошото издание од претходниот натпревар и да одиграме малку поорганизирано, мислам дека успеавме во првото полувреме. Сега треба да размислуваме за репрезентацијата на Македонија, која може да ни донесе место во следната фаза на Мундијалот”, изјави Милано.

На Аргентина и одговара и реми за пласман во следната фаза, додека опција за Македонија е само победа.

Мечот меѓу Македонија и Аргентина се игра денес во „Таурон Арена“ со почеток во 18:00 часот.