„Можеби не доаѓаат играчи како Хансен, Шмид или Карачиќ, но ќе имаме интересна сезона во Македонија“

Како никаде низ Европа, во време на криза, големи се трансфер активностите во Македонија.

Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер наголемо ги засилуваат своите ростери, а и другите суперлигашки состави се активни со носење на нови ракометари.

Тоа го потврди и Тимур Дибиров во интервјуто за „Брз Центар“, и вели дека ќе имаме интересна сезона во Суперлигата.

„Во текот на пандемијата, многу клубови од Европа се соочија со сериозни проблеми. Кога во медиумите гледав како се одвива трансфер пазарот во Македонија, бев изненаден и не знаев како дојде до тој феномен. Но мислам дека пандемијата беше добра за клубовите од среден ранг со стабилни можности. Можеби не е реално да дојдат Хансен, Шмид, Циндриќ, Карачиќ и Кристопанс, но конкуренцијата се враќа и не чекаат посебни дерби натпревари со многу притисок и неизвесни. Тоа ќе биде опасно за нас, но ќе ни биде од полза“, вели Дибиров.

Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат на пролет во македонското првенство, додека Металург ќе игра во регуларниот дел.