Многу натпревари се одложија, но Шведска и Шпанија имаа успешни тестови пред ЕП

Покрај големите проблеми што ги создава коронавирусот последните денови и многуте откажани пријателски средби, некои од репрезентациите продолжуваат со планираните контроли пред Европското првенство.

Шведска имаше успешна контола пред првенството против доста квалитетен противник кој исто така ќе игра на ЕП. Швеѓаните беа поуспешни од Холандија со 34:30, иако на полувремето резултатот беше израмнет 19:19.

Шведска долго го кршеше отпорот на Холанѓаните, но сепак на крајот дојде до израз квалитетот и фаворизираниот тим обезбеди победа. Пред настапот на првенството двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар што ќе биде последна контрола, во сабота од 16 часот.

Шпанија имаше лесен контролен натпревар против репрезентацијата на Иран и оствари убедлива победа од 36:22. Шпанија доминираше на дуелот и уште на полувреме ја обезбеди победата кога водеше со 18:9. Продолжението беше можност Шпанците да пробаат некои комбинации како погдотовка пред првенството.