Екс вардарци на куп: Карачиќ, Манасков, Штербик, Душебаев…пријателство кое трае! (ВИДЕО)

Тимовите на Веспрем и Келце одиграа пријателски натпревар пред стартот на новата сезона, а полскиот тим славеше среде Унгарија со 29-32.

Тоа беше можност на едно да се најдат многу екс членови на Вардар.

Пред стартот на натпреварот се сретнаа старите пријатели од Скопје – Игор Карачиќ, Алекс Душебаев, Арпад Штербик, Давид Дејвис, Хорхе Македа, Дејан Манасков…

Дел од унгарскиот гигант се уште Рожерио Мораес, Марија Лојаница, Вуко Борозан и Данил Шишкарев.

Медиа тимот на Келце на Инстаграм напиша – Пријателите секогаш остануваат пријатели.