Младост парираше едно полувреме, Еурофарм Пелистер ќе се бори за Ф4 во Купот

Екипата на Еурофарм Пелистер беше убедлива против Младост Богданци со 33:21 во полуфиналето од групата Б и обезбеди пласман во финалниот двобој за место на Ф4 во Купот на Македонија против Пролет.

Гостинската екипа од Богданци која беше формално домаќин одигра одлично прво полувреме, а свои моменти имаше и голманот Мицев. Изненадувачки, Младост Богданци беше во водство до 20. минута.

Еурофарм Пелистер со комбиниран состав заостануваше со еден гол негатива. Сепак во последните пет минути од првиот дел, Еурофарм Пелистер со серија од 3:0 успеа да замине на пауза со 12:14.

Битолската екипа заигра посериозно во второто полувреме и не дозволи поголем отпор на противниците. Со брзи голови постепено растеше предноста на „фармацевтите“ и до крајот рутински го одржаа стекнатото водство.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Мирко Радовиќ со шест гола. Шанса доби и младиот ракометар, Трајче Мицески кој успеа да постигне два гола. Во составот на Младост Богданци се истакнаa Митко Караиванов и Микита Лашчакоу со по шест гола.