Младост лесно до триумф, Узунчеви не можеа сами против расположените домаќини

Екипата на Младост дојде до победа на дуелот против Партизан во Групата А во Првата машка лига со 35:24 и на тој начин стигна до три бода на свој терен.

Домашниот состав имаше контрола на играта од старт откако стигна до 5:2 така што во продолжение требаше само да се чува ова водство. Ракометарите на Младост знаеја како да го зголемуваат и без проблеми да стигнат до 16:8 на полувреме.

Во тимот на Партизан најрасположени беа Димитар и Тодор Узунчеви, но тие двајца беа премалку за да може да се дојде до подобар резултат во Богданци. Младост имаше порасположени ракометари кои обезбедија убедлива победа од 35:24 и нови бодови за тимот од Богданци, кој победи и на првиот дуел против Јехона.

Следниот викенд и двете екипи ги очекуваат тешки дуели. Младост гостува кај Борец во Велес, додека Партизан ќе го пречека Вардар Неготино.

МЛАДОСТ 1977 – ПАРТИЗАН 2016          35:24 (16:8)

Сала: Млаз во Богданци. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

МЛАДОСТ 1977: Пешков, Пеев 1, Михајловиќ 8, Наумовски 2, Караиванов 5, Николоски 1, Орчев 2, Паунков, Роглев 4, Атанасов 3, Демерџиев, Гогов 2, Чрчев 4, Стоилов, Котев, Ѓуриќ 3.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 10 мин.

ПАРТИЗАН 2016: Костадинов, Велев 1, Динев, Томиќ, Банцалиски 3, Џалев 2, Д. Узунчев 8, Башов, Димитров, Ангелов, Т. Узунчев 7, Љатев, Костадинов 2, Ангов, Јанев 1, Маренчев.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.