Младост и Бутел по трофејот на меморијалниот турнир во Богданци

Кадетските екипи на Младост Богданци и Бутел Скопје ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир „Томе и Гоце“ што се одржува денеска во Богданци.

Домаќинот Младост дури по пеналите успеа во полуфиналето да го победи составот на Голден Арт so 26-25.

Бутел Скопје пак убедливо го совлада тимот на Металург со шест погодоци, 37-31 и обезбеди место во финалето.

Мечот за третото место ќе се игра од 17:30 часот, додека финалето е на програмата од 19:45 часот во салата „Млаз“.