Младост Богданци со уште две засилувања – потпишаа Василевски и Лисичков

Новиот суперлигаш Младост Богданци продолжува да го склопува играчкиот мозаик во пресрет на новата сезона во елитното друштво.

Откако потпиша професионални договори со четворица младинци и ги продолжи договорите со најискусните ракометари Паунков, Стоилов, Роглев и Динов, тимот од Богданци договори и две засилувања.

Станува збор за пикерот Небојша Василевски, кој беше дел од тимот на Вардар Неготино, а претходно настапуваше за Македонија Ѓорче Петров, Аеродром. Тој годинава имаше шанса да замине во Шпанската Сегунда во тимот на Сиудад Реал, но поради корона кризата, тој трансфер не се реализира.

Второто засилување е повратникот во Богданци, средниот бек Горан Лисичков. Тој потекнува од Младост, а во меѓувреме настапуваше и за тимот на Партизан Гевгелија. До крајот на оваа седмица се очекува Младост да потпише и со уште еден бек.