Младинките од денеска на силен турнир, прв предизвик е Унгарија

Пред настапот на Европското првенство во Романија, женската младинска репрезентација од денеска до сабота ќе игра на силен турнир во Унгарија.

Избраничките на Јулијана Дамчевска ќе бидат дел од турнирот во Дабас, на кој покрај домаќинот ќе настапат уште Холандија и САД.

Прв предизвик за Македонија, денеска од 17:00 часот, ќе биде домаќинот – силната репрезентација на Унгарија, која исто така ќе биде дел од ЕП во Романија.

Македонија утре ќе се соочи со Холандија, додека в сабота ќе игра со САД. Нашите девојки се дел од групата Д на ЕП и ги чекаат дуели со Црна Гора, Чешка и Данска.