Мицевска со одлична партија, Ница се пласираше во четвртфиналето на францускиот Куп

Тимот на Ница, каде што брани македонската репрезентативка Јована Мицевска, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Франција.

Ница не дозволи изненадување, и иако со мали проблеми, славеше на гостински терен кај второлигашот Трухтерсхајм со 37-34.

Мицевска натпреварот го заврши со 11 интервенции, а голем дел од нив беа во моментите кога Ница правеше пресврт и се кршеше резултатот.

Покрај Ница, во четвртфиналето на Купот на Франција се Мец, Брест Бретањ, Париз, Безансон, Нант…