Мицевска по пет сезони заминува од Ница, ќе брани во Романија!

Голманката на репрезентацијата на Македонија, Јована Мицевска, во следната сезона ќе го има вториот интернационален предизвик.

Мицевска одлучи да ја промени клупската средина, откако речиси пет сезони го носеше дресот на Ница.

Македонката ќе го брани голот на романска Слатина, клуб кој за оваа сезона имаше буџет од околу 900.000 евра.

22-годишната голманка во својата кариера настапуваше и за поранешниот шампион на Македонија, Вардар.

Токму од ,,црвено-црниот” тим, на само 18 години замина да стекнува меѓународно искуство во Франција.

Пред трансфер во Слатина се наоѓа репрезентативната колешка на Мицевска, левото крило Јована Саздовска, која моментално го носи дресот на Дунареа Браила.

Слатина за следната натпреварувачка сезона 2023/24 не обезбеди опстанок во најскапата лига на светот и ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување.