Мицевска: Добивме противник со кој може да се надигруваме

Украина ќе биде ривал на Македонија во бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Голманката Јована Мицевска, која настапува во француската Ница, смета дека можеме да се надигруваме со Украина.

„Добивме противник со кој можеме да се надигруваме, останува на нас да ја темпираме формата и да влеземе максимално подготвени во двата натпревари. Верувам во оваа репрезентација и имаме шанси да оствариме континуитет на големи натпреварувања. Украина е добра селекција, и сигурно нема да е лесно“, вели Мицевска.

Првиот натпревар против Украина треба да се игра во Македонија на 7/8 април, додека реваншот ќе биде на 11/12 април на гостински терен.

Украина стои на патот на Македонија до Мундијалот во 2023 година!

Наследничките на Цигица, Верхељук, Борисенко…не се тоа ниво, но Украина не смее да се потцени!

Гичевска: Мораме сериозно да се подготвиме за Украина, можеме да ја израдуваме Македонија

Савевски: Треба да играме максимално од прва до последна секунда, Украинките имаат квалитет