Михајловски: Се нудеа многу познати тренери, но се одлучивме за Дејвис поради…

Нов тренер на Вардар ќе биде Шпанецот Давид Дејвис, кој се враќа по три години во позната средина.

Претседателот на клубот, Михајло Михјајловски, вели дека биле понудени многу тренери за наследници на Вујовиќ, но открива зошто се решил за Дејвис.

„Задоволен сум што брзо го решивме прашањето на тренер. Имавме многу понудени опции и повеќе познати тренери, и им благодарам на сите кои изразија желба да бидат дел од Вардар. Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера бидејќи зборува и македонски, и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати. Покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар. Со ангажирањето на Дејвис нашите цели за сезонава остануваат исти“, изјави Михајловски.

ОФИЦИЈАЛНО: Давид Дејвис е нов тренер на Вардар!