Михајловски понудил гласање – другите биле едногласни да го исфрлат Вардар

Екипата на Вардар беше елиминирана на „зелена маса“ и исфрлена од учество на Ф4 турнирот во СЕХА во Задар откако еден играч имаше позитивен тест пред заминувањето во местото каде од утре до недела ќе се игра завршниот турнир.

Во интервју за рускиот Брз центар, потпреседателот Борис Сапожников коментира за случувањата и објасни како се одвивал дел од видео состанокот после кој Вардар беше заменет со Загреб.

„Пред видео средбата на Извршниот одбор, неколкупати се јавувавме кај главните епидемиолози во Хрватска и Задар и тие едногласно рекоа дека постои закон. Михајло Михајловски понуди да се гласа. Се гледаше дека е вознемирен. Тој имаше роденден вчера, а подарокот излезе навистина лош бидејќи другите едногласно одлучија да го исфрлат Вардар и да го заменат со Загреб чии играчи се вакцинирани. Претставниците на другите клубови беа известени и тие потврдија дека нема да ризикуваат со своите состави иако нивните играчи се вакцинирани.

Очекувано во Вардар беа вознемирени. Во принцип сите се тажни од ситуацијата. Сепак, што може да се направи. Тоа се случува. Не може да се прекрши законот“, коментира Сапожников во интервјуто за handballfast.com.

Вардар требаше да го игра својот десетти Ф4 турнир во СЕХА, но место нашиот шампион во Задар ќе биде тимот на Загреб, кој ќе игра против Мешков Брест во првото полуфинале утре од 18 часот.