Митревски стандарден, го водеше Порто до нов триумф

Никола Митревски и Порто имаа убедлив настап во 9. коло од првенството на Португалија и лесно и убедливо на домашен терен ја совладаа екипата на Хорта со 38:25.

Порто потполно доминираше во текот на сите 60 минути, а веќе на полувремето ја имаше обезбедено победата кога водеше со 22:10. До крајот на мечот ракометарите на Порто само ја зголемуваа предноста и обезбедија нови бодови.

Никола Митревски уште еднаш имаше солиден придонес во победата на својот тим. Тој ја подели минутажата со Френдсен и собра седум интервенции со 41 процент успешност на одбранети удари.

Следниот предизвик Порто и Митревски ќе го имаат во Лигата на шампиони против Флензбург, додека во првенството на Португалија следниот дуел ќе го играат за една недела против Повоа на гостински терен.