Митревски со одлична партија, Порто стигна до убедлива победа

Тимот на Порто, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, се врати на победничките патеки.

По поразот од Фленсбург во Лигата на шампионите, Порто оствари убедлива победа над Повоа со 23-35 во натпревар од 4. коло во португалскиот шампионат.

Еден од клучните фактори за триумфот беше токму Митревски, кој имаше 12 интервенции, или 34% на одбранети удари.

Порто има максимален број на победи во шампионатот, 4 од 4, а во чекор го следат екипите на Спортинг и Бенфика.