Митревски си „гази“ во Португалија – прими само девет гола!

По триумфот над Фленсург во Лигата на шампионите, тимот на Порто забележа победа  во португалскиот шампионат.

Порто, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, славеше на гости кај Повоа со 22-33.

Како и против Фленсбург, така и против Повоа, Митревски имаше одлична партија, а ја поделија минутажата со неговиот колега Себастијан Франдсен и бранеа по едно полувреме.

Македонскиот голман собра девет одбрани од 18 удари упатени кон неговиот гол, што е 50% одбранети удари.

Следен предизвик за португалскиот првак ќе биде гостувањето кај Динамо Букурешт во Лигата на шампионите.