Митревски и Тодоровски со прва европска задача – ќе бидат „главни“ во Данска

Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, го добија првото делегирање во европските купови за новата сезона.

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за реванш средбите од првото квалификациско коло во Лигата на Европа, а на една од нив „главни“ ќе бидат македонските арбитри.

Станува збор за дуелот меѓу Силкеборг од Данска и шпанската екипа Куенка, што ќе се игра на 3 септември од 16:00 часот.

На првиот меч одигран во Шпанија минатиот викенд, славеше данскиот претставник со пет гола разлика, 31-26.