Митревски и Ангеловски во дрим тимот на Констанца на сите времиња! (ФОТО)

Тимот на Констанца, иако неколку сезони не е во врвот на романскиот ракомет, сепак по доаѓањето на поранешниот стратег на Еурофарм Пелистер, Ѓорѓе Чирковиќ, сезонава пред прекинот играше одлично и ќе беше главен ривал на Динамо Букурешт за титулата.

Медиа тимот на романскиот клуб состави дрим-тим на сите времиња составен од романски интернационалци, како и дрим-тим составен од интернационалците кој го носеле дресот на Констанца.

Во него се најдоа три имиња познати за македонската јавност. Голманот Никола Митревски, кој во Констанца мина две сезони, од 2017 до 2019, бекот Бранко Ангеловски, кој е вистинска легенда таму и играше седум сезони, од 2010 до 2017, а потоа беше и спортски директор.

Судејќи според коментарите на навивачите, двајцата Македонци, секој на свој начин, оставиле силна трага во романскиот клуб.

Во тимот се најде и поранешниот пикер на Вардар и Металург, Младен Ракчевиќ.