Митревски доби заслужен одмор, Порто немаше милост за Санхоаненсе

По одличната партија во Лигата на шампионите на натпреварот против ПИК Сегед, Никола Митревски доби заслужен одмор и не влегуваше во игра на натпреварот од португалскиот шампионат.

Порто славеше убедливо со Санхоаненсе со 48-22 и сега има максимум во домашното првенство, седум победи на седум меча.

Митревски беше во ростерот на тренерот Магнус Андерсон, но шанса на овој дуел доби Алфредо Кинтана, кој собра 16 одбрани.

Македонскиот голман добива шанса на важните натпревари во Лигата на шампионите и следен предизвик за него ќе биде гостувањето кај поранешниот негов клуб Вардар.