Митревски брани во животна форма, титулата му е на дофат со Порто

Ракометарите на Порто продолжувааат и понатаму перфектно во домашното првенство откако во 26. коло на домашен терен во дербито против Спортинг славеа победа со 33:30 со голем пресврт во завршницата.

Репрезентативниот голман Никола Митревски уште еднаш потврди дека брани во животна форма и беше еден од најзаслужните за победата портив Спортинг. Митревски бранеше во првиот дел, а во продолжението беше заменет со Шекељ, но сепак влезе во финишот и ја направи разликата за триумф на неговиот тим.

Спортинг беше на чекор да му го нанесе првиот пораз на Порто оваа сезона во домашното првенство но не издржа во финишот. На полувреме гостите имаа предност од 14:17 и најавија изненадување. Сепак шампионот не си дозволи да го расипе максималниот ефект.

Порто долго во вториот дел го правеше пресвртот и дури во 50. минута успеа да израмни. Во клучните моменти Митревски имаше неколку одбрани од чисти ситуации на противникот и беше најзаслужен за пресвртот во финишот.

Порто сега има 78 бода по 26 меча, а Спортинг и Бенфика се на второ и трето место со по 74 бодови на четири кола до крајот. За Порто и Митревски ќе имаат уште еден посериозен испит на гости кај неговиот екс тим, Бенфика.