Митков меч винер, Костески најдобар стрелец – Холабрун ја доби драмата со Грац

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, забележа победа во Втората лига на Австрија.

Холабрун славеше со 26-25 во драматичниот натпревар против составот на Грац, а победничкиот гол беше дело на Митков на десетина секунди до крајот.

Митков постигна три гола од пет обиди, додека Костески беше најдобар стрелец во домашниот тим и даде шест погодоци од десет обиди.

До крајот на полусезоната, Холабрун ќе игра на гости кај Кремс, а на домашен терен ќе го пречека Маргаретен.