Митков и Костески брилјираа во Купот на Австрија – но залудно

Двајцата македонски интернационалци, Никола Костески и Влатко Митков имаа одлични партии во натпреварите од осминафиналето на Купот на Австрија.

Сепак и покрај тоа, нивните тимови Линц и Брегенц, уште во оваа фаза ја завршија битката за трофеј и ривалите продолжуваат во четвртфинале.

Линц загуби дома од Вест Виен со 23-29, а десното крило Костески беше најдобар на теренот со осум погодоци, додека Горан Крстевски имаше само еден жолт картон.

Брегенц беше поразен на гостински терен кај Швац Тирол со 32-29, а Митков даде девет голови.

Иако во финишот на неколку наврати токму македонскиот десен бек намалуваше на минус еден, сепак неговиот тим немаше шанса за триумф.