Мите Стоилов го поведе Младост Богданци во нова суперлигашка авантура

Уште еден суперлигаш стартуваше со тренинзи за новата сезона, а се работи за Младост Богданци каде што поранешниот репрезентативец на Македонија, Мите Стоилов ги собра момците кои сезонава ќе ги бранат боите на клубот кој доби шанса да биде во Супер лигата.

Првиот тренинг беше на отворено, а така ќе биде и во следните денови. Се работи на стадионот „Вардарски“ во Богданци, а на првиот собир го немаше само ракометарот од Молдавија кој доцни поради проблеми со авионскиот билет.

Инаку, Младост Богданци се засили за новата сезона и сигурно ќе биде тешко за сите да добијат бодови на гостување кај овој клуб.