Andreas PALICKA (12) during the Final handball match Sweden vs Spain, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 30.01.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Мистериозен гест на Паличка – Ги соблече патиките на подиум (ФОТО)

Селекцијата на Шведска вчера ја совлада Шпанија со 27:26 и дојде до петтата круна на Европските првенства, а при доделувањето на наградите се случи еден несекојдневен гест кога голманот Андреас Паличка ги соблече патиките и ги остави на подиумот.

Тој во моментов не сака да коментира многу за ова прашање, но вели дека со победата на овој шампионат го исполнил својот сон и златниот медал е награда за трудот.

„Дебитирав во 2007 година и имав кариера која се движеше нагоре-надолу. Долго време со колегите се боревме за ова и конечно се исплатеше сето тоа со освојување на златниот медал. Тоа е толку голема емоционална бура што јас сум целосно готов на ментален план. Никој не е посреќен или поблагодарен од мене сега“, вели Паличка.

Со оглед на тоа што ова не е првпат еден ракометар да соблече патики на подиум веќе се зборува дека тоа е најава за крајот на репрезентативната кариера. Истото го направи и Пер Карлен во 1996 година, но засега Паличка не сака да коментира по ова прашање

„Никогаш не сакам да коментирам за вакви прашања после завршување на шампионатот. Од почит кон сите вклучени го правам тој избор со моето семејство така што кога ќе одлучам ќе ја објавам веста“, коментираше голманот на репрезентацијата на Шведска.

Тој од јуни застанува на голот на тимот на ПСЖ и ќе биде големо засилување за шампионот на Франција. Тешко е да се верува дека и тој, но и репрезентацијата на Шведска би се откажале сега од играњето во националниот тим бидејќи Паличка и е потребен на Шведска на Мундијалот следниот јануари бидејќи Швеѓаните на домашен терен ќе се обидат да стигнат до обединување на титулите.