„Минатата година Вардар нè елиминираше, но со различен тим од сегашниот“

Унгарскиот ПИК Сегед имаше одлична сезона во Лигата на шампионите, но според одлуката на ЕХФ немаат шанса да се борат за пласман на толку посакуваниот фајнл-фор, туку се елиминиарани без борба.

ПИК Сегед е единствениот тим кој успеа да ја совлада Барселона, а исто така славеа и против ПСЖ. Тренерот Хуан Карлос Пастор смета дека според овие резултати тие можат да победат против секој и одлуката за ЕХФ првите две екипи од двете групи да се пласираат на завршниот турнир не е правилна.

„Вардар нè елиминираше минатата сезона во четвртфиналето, но со различен тим од сегашниот. Сега ние бевме големи фаворити во овој дуел и имавме големи шанси против Веспрем доколку тие ја елиминараа Висла Плоцк. Покажавме дека можеме да победиме против секого“, рече Пастор.

ПИК Сегед групната фаза ја заврши на 3. позиција зад Барселона и ПСЖ, а противник во осминафиналето требаше да му биде Вардар во реприза на минатогодишното четврт-финале. Сепак, ЕХФ одлучи и двете екипи да бидат елиминирани и на завршниот турнир да играат Кил, Веспрем, Барселона и ПСЖ.