Микел Хансен: Спортот и ракометот сега се во втор план

Најдобриот ракометар на Данска, кој во моментов настапува во редовите на ПСЖ, Микел Хансен се огласи преку медиумите околу актуелната ситуација во светот и упати апел до сите да се почитуваат препораките за да може најбрзо што може да е избори победа против вирусот кој нанесува огромни проблеми.

Тој вели дека во моментов никој не ни размислува за спортот и дека тој не е во прв план кај никого.

„Ракометот, но и спортот воопшто во овој момент мора да биде во втор план. Во моментов ние зборуваме за животот на луѓето и најважно е сите да бидеме безбедни. Треба да биде сите заедно и да направиме сè што е потребно за да можеме потоа одново да зборуваме за спортот“, вели Хансен.

Воедно даде свое видување за ситуацијата во Данска каде што смета дека работите не биле поставени најдобро на старт и дека многу доцна почнала реакцијата.

„Мислам дека имаше недостаток од почит кон другите луѓе. При ваква ситуација особено ранливи се постарите бидејќи она што се случува е неверојатно. Навистина е погрешен сигналот, многу лица седеа по парковите со многу други, најверојатно и премногу блиску, пиеја алкохол…“, изјавува Хансен.

И тој како и сите други спортисти низ светот ги почитува препораките и во моментов се подготвува за продолжението од сезоната (ако воопшто го има) во домашни услови.