Мешков не се грижи за откажаните авио конекции со Белорусија, домашните натпревари ќе ги игра во Брест

Мешков Брест ги демантираше шпекулациите дека е можно натпреварите од Лигата на шампионите да ги игра на друго место, поради санкциите од страна на ЕУ кон Белорусија и многуте откажани авионски конекции.

Белорускиот првак изминатите сезони своите натпревари од Лигата на шампионите ги играше во спортската сала „Викторија“ во градот Брест.

„Се подготвуваме да играме во Брест. Единствената арена за Лигата на шампионите која ги исполнува сите услови е „Викторија“, изјавија од прес-службата на белорускиот шампион.

Претходно, раководството на Мешков Брест беше загрижено поради нестабилната состојба со авиосообраќајот во Белорусија, но се надеваат на подобра состојба во следниот период.

Вардар треба да гостува во Белорусија во 2022 година.