Мешков има џокер за Вардар – донесе белоруски џин!

Белорускиот шампион Мешков Брест се засили за продолжението од сезоната во домашното првенство и во Лигата на шампионите.

Станува збор за повратник во редовите на Мешков Брест, кружниот напаѓач Павел Дорофеев, кој потпиша договор до крајот на сезоната.

25-годишниот Дорофеев потекнува од школата на белорускиот тим, но поради малата минутажа замина во рускиот тим Нева Санкт Петербург.

Играше и за рускиот второлигаш Бјала Подлјаска, а по четири години се враќа во татковината и ќе се обиде да му помогне на Мешков во пролетниот дел од сезоната.

Дорофеев е висок 205 цм и ќе формира одличен тандем во одбраната со Врањеш. Вардар ќе гостува во Брест на 23 февруари во рамките на 14 коло од Лигата на шампионите и тој двобој веројатно ќе го одлучи патникот во елиминациите.