Мешков го продолжува шопингот во Скопје – мерка уште тројца вардарци?!

Белорускиот шампион Мешков Брест го ангажираше средниот бек Сташ Скубе од Вардар, но не е тајна дека Раул Алонсо посакува уште двајца ракометари на европскиот шампион.

Уште лани, спортскиот директор на Мешков, Павел Башкин, најави дека сакаа да ја искористат кризата во Вардар и да донесат неколку ракометари, а веројатно истото сакаат да го направат и сега.

Доказ за тоа е и изјавата на директорот на Загреб, Ведран Шупуковиќ, кој на денешната прес конференција откри за џентлменскиот договор кој паднал меѓу кпубовите учесници во ЛШ.  Според него, сите клубови што ќе играат во ЛШ се договориле дека ако сакаат некој играч од учесник во ЛШ, треба да се обратат најпрво во клубот. Но, на тоа не се согласил Мешков Брест, кој открил дека сака играчи од Вардар.

„Имавме состанок преку видео-конференција на кој донесовме џентлменски договор за статусот на играчите. Тајни веќе нема, клубовите ги намалуваат платите на ракометарите низ цела Европа и затоа се договоривме доколку некој клуб сака да купи играч од учесник во Лигата на шампионите, тоа мора да го направи во согласност со клубот. Сите се согласија со тоа, освен Мешков, кој јавно кажа дека веќе бара неколку играчи од Вардар“, вели Шупуковиќ.

Мешков остана без два леви бека, еден плејмејкер, двајца пикери и едно десно крило, па јасно каде оди нивниот интерес. Се уште не е јасно дали Мешков Брест ќе добие вајлд карта за Лигата на шампионите или ќе мора да игра во Лигата на Европа.