Мешков Брест на оригинален начин го промовираше Скубе (ВИДЕО)

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе по две години заминува од европскиот шампион Вардар и во следните две сезони ќе го носи дресот на белорускиот првак Мешков Брест.

Ваквата можност ја најави 24Ракомет пред еден месец, што значи дека на раководството на Мешков не му било баш лесно да го убеди Скубе да се пресели во нивниот клуб.

Скубе беше промовиран на интересен начин, со видео што го направи неговиот сонародник Симон Разгор.

Разгор го убедуваше средниот бек да дојде во Брест, му раскажуваше за животот во овој белоруски град, а Скубе се интересираше дали има море и аеродром.