Мешков Брест во победничка атмосфера ќе го пречека Вардар

Шампионот на Белорусија, Мешков Брест е прв ривал за Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите, а средбата треба да се одигра в среда од 18:45 часот.

Ракометарите на Мешков Брест во одлична атмосфера ќе ги пречекаат „црвено-црните“. Tие веќе стартуваа со првенството и без поголем проблем успеаја да дојдат до победа на гостувањето кај составот на Кронон Гродно со 42:27.

На полувреме резултатот беше 19:16, но затоа во вториот дел дојде до израз квалитетот. Мешков Брест покажа дека нема конкуренција во домашното првенство.

Поранешниот ракометар на Вардар, Сташ Скубе на оваа средба беше стрелец само на еден гол, а најефикасни беа Јуринок со осум и Вајлупов со седум гола.