Мешков Брест без тројца против Вардар!

Стратегот на белорускиот Мешков Брест, Раул Алонсо, нема да смета на тројца ракометари за натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против европскиот првак Вардар.

Алонсо ќе остане без услугите на левото крило Симон Разгор, кој има скршен прст на левата рака од крајот на август, како и на десното крило Максим Баранов, кој уште се рехабилитира по повредата на коленото.

Против Вардар нема да игра ниту средниот бек Сандро Обрановиќ, кој го повреди грбот на средбата со Загреб од регионалната СЕХА лига.

Неговото отсуство нема да се почувствува, бидејќи тука се Малус, Скубе, Шкурински, Санталов, Паниќ, Пачковски…па и без Обрановиќ, Мешков има силна бековска линија.

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра в среда со почеток во 18:45 часот.