Металурзи се негативни на корона, комплетни заминаа на реванш против Спачва

Ракометарите на Металург, стручниот штаб и раководството на клубот, во текот на вчерашниот ден повторно се тестираа на коронавирус, пред реванш средбата со Спачва.

Сите тестови беа негативни и Металург синоќа околу полноќ, отпатува за Хрватска.

Реванш средбата со Спачва, во рамките на првото квалификациско коло на Лига Европа, ќе се одигра в сабота, со почеток во 19:30 часот.

Оваа средба ќе ја водат судиите Дору Манеа и Раду Илиеску од Романија, додека делегат ќе биде Хрватот Владимир Сокол.

Металург на првата средба во Скопје стекна предност од седум голови, 35-28.