Составот на Металург стигна до победа од 44:22 против Јехона во Купот на Македонија и си обезбеди место во следната фаза од натпреварувањето.
Металурзите доминираа во текот на целата средба. Тргнаа со 2:0 и брзо стигнаа до 5:1, па овие плус четири до крајот на првото полувреме ги претворија до 20:9.
После плус 11 во првите 30 минути во второто полувреме играта беше уште побрза, а двете екипи беа поефикасни. Имаше уште многу погодоци, а Металург ги доби и вторите 30 минути со 11 гола разлика односно 24:13.
Со ова квалитетот дојде до израз, а Металург успеа да се најде на списокот на тимови кои ќе играат во следната фаза од Купот на Македонија каде што веќе се и Вардар и Охрид.
МЕТАЛУРГ – ЈЕХОНА 44:22 (20:9)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
МЕТАЛУРГ: Дупјачанец, Брестовац, Бардакоски, Петров, Петковски 11, Субашевски 6, Хорват 3, Рибеиро 4, Лазаревски 4, Озтурк 5, Митиќ 8, Каковски, Марковски 3
Седмерци: 3/7, Исклучувања: 6 мин.
ЈЕХОНА: Павлоски, Јонузи, Стојаноски, Николоски 1, Живкоски 2, Селмани 1, Кузмановски 1, Столески 1, Еимини 2, Салиу 6, Бошковски 3, марковски 4, Груевски, Џафери 1, Угриноски.
Седмерци: 5/8, Исклучувања: 8 мин.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот
Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27