Металург ќе остане „македонски бренд“ – нов тренер ќе биде Бранислав Ангеловски

Металург сака повторно да биде препознатлив македонски ракометен бренд, а како еден од чекорите кон консолидација и почеток на враќање на стариот имиџ е ангажирањето на Бранислав Ангеловски (44). Тој би требало да седне на тренерската клупа во Автокоманда и да почне со реализација на планот со кој клубот треба да застане повторно на стабилни нозе.

Ангеловски веќе имал разговори со управата на Металург, и според информациите на 24ракомет клубот е сериозно заинтересиран за неговите услуги. Двете страни се договориле деновиве да се официјализира и таа соработка, откако ќе завршат обврските на Ангеловски со сениорската репрезентација во квалификациите за ЕП 2022 година на дуелите со Данска.

Тимот од Автокоманда сезонава смени два тренери, па веруваат ако е ова „трета среќа“ тогаш сините би требало да тргнат во нов предизвик. Од Металург најавуваат и конечно завршување на сите проблеми со финансиите, па и клубот да почне да функционира нормално. Тоа значи дека и некои од сегашните играчи кои се костур на тимот би останале и за следната година.

Тимот има сериозен предизвик во домашното првенство зашто уште на почетокот имаше еден непредвиден резултат, загуби на гостувањето кај Пролет. Сега ќе мора да најде начин да се „извади“ и да остане во кругот на екипи што ќе бидат во игра за место во Лига Европа.

Бранислав Ангеловски е поранешен играч на Металург кој во 2006 година беше и првак на Македонија, во моментов е дел од стручниот штаб на македонската машка ракометна репрезентација. Седнувањето во тренерското столче на Металург ќе му го олесни и следењето на македонските играчи кои играат или на прагот на А тимот.

Бранислав Ангеловски и Петар Баснарков како дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија

Битолчанецот кој во својата спортска кариера најмногу играл во скопски клубови, а само една сезона во Пелистер (и освои титула) зад себе има долга и богата играчка кариера. Најмногу се задржа во Романија каде беше дел од тимот на Констанца, а потоа и на Доброгеа Суд каде беше и спортски директор. Има мастер коуч лиценца и најважно од се важи за личност со големи амбиции.

Ангеловски е еден од ретките Македонци што двапати играл за Загреб (на почетокот на 2000), а зад себе има настапи и во Вардар, Пролет, Металург, Винтертур, Тулуз, Ал Аин, Констанца, Доброгеа. Беше и дел од најголемите успеси на машката сениорска репрезентација. Беше дел од репрезентацијата што играше на СП 1999 година, и потоа настапуваше за репрезентацијата се до ЕП 2014 година во Данска. Има повеќе од 150 настапи за репрезентацијата и над 300 постигнати голови.