Металург со триумф во Атина – славеше против Диомидис Аргус

По вчерашниот пораз од кипарскиот шампион Анортозис Фамагуста, ракометарите на Металург забележаа триумф на турнирот „Андреас Папастаматис“ во Атина.

Избраниците на Иван Марковски славеа против незгодниот грчки состав со високи амбиции, Диомидис Аргус со 31-29.

На полувремето тимот од Автокоманда водеше со 15-14, а потоа во вториот дел полека ја преземешае контролата на теренот, па беше 23-20 и 26-23.

Во финишот Металург стигна и до плус пет, 28-23, па немаше проблеми да ја забележи првата победа.

Најдобри стрелци беа Златко Хорват со десет и Халил Озтурк со пет погодоци, а по четири пати стрелаа Петковски и Рибеиро.

Утре во последното коло македонскиот тим ќе се сретне со големиот фаворит АЕК Атина, кој славеше над  Диомидис, а денеска игра со Анортозис.