Металург со лесна победа против Овче Поле СУ

Ракометарките на Металург без многу проблеми триумфираа на домашен терен против екипата на Овче Поле Су со убедливи 35:22 во рамките од 16.коло од Женската лига.

Гостинската екипа од Свети Николе беше рамноправен противник во првото полувреме кое заврши со предност од пет гола разлика за екипата предводена од Јулијана Дамчевска, 17:12.

Веќе во вториот дел, Металург преку расположената Дамчевска за која противникот немаше никакво решение, ја зголемуваше разликата, а Овче Поле СУ не можеше ништо да спасува имајќи ја во предвид високата разлика помеѓу двете екипи.

Металург беше предводен од Биљана Дамчевска која беше најефикасна со десет гола. Во составот на Овче Поле СУ се истакна Марија Анчева со осум гола.