Металург со десет ракометари во Битола – нема ниту еден класичен бек!

Тимот на Металург остана без странските засилувања од стартот на сезоната – левото крило Улисес Рибеиро и средниот бек Халил Озтурк.

Во Битола за мечот со Еурофарм Пелистер 2, тренерот Иван Марковски поведе десетмина ракометари, меѓу кои единствен странец е Златко Хорват.

Тука е голманското трио – Дупјачанец, Брестовац и Бардакоски, пикерите Петров, Митиќ и Лазаревски, дефанзивецот Велко Маркоски, како и крилата Субашевски и Петковски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Металург се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:30 часот.