Металург се откажа од Лигата на Европа, следната сезона ќе игра само дома

Екипата на Металург, која требаше да ја претставува Македонија во Лигата на Европа и тоа во квалификациите годинава нема да се натпреварува во европските натпреварувања така што сето внимание ќе биде посветено на домашна сцена.

Од клубот е одлучено да не се трошат пари на патувања и да не се уплаќа депозитот кој е побаран од ЕХФ за да може да се средат долговите кои екипата ги има кон играчите и да може од следната сезона мирно да се продолжи со игрите и во Европа.

Инаку, Металург за новата сезона најавуваше големи амбиции бидејќи ангажираше и странци, но ќе мора прво да се одработи далеку подобро на домашна сцена отколку во последните неколку сезони пред да може да се добие нова шанса за настап во европските купови.

Ова значи дека се отвора простор за друга екипа да се најде во Лигата на Европа. После откажувањето на Металург, се очекува шанса да добие тимот на Бутел Скопје кој ја заврши сезоната на 4. позиција во Супер машката лига.

Инаку, во групната фаза на Лигата на Европа место има за Еурофарм Пелистер, а во квалификациите требаше да играат Пролет и Металург.