Металург РА и со изменет состав победнички, Партизан немаше шанси

Ракометарите на Металург Ра на отварањето на Првата лига немаа проблеми да ги освојат првите бодови против екипата на Партизан која ја совладаа со 28:19.

На последниот денешен натпревар од групата А која се игра во СЦ „Борис Трајковски“, Металург Ра беше подобар противник во текот на целиот натпревар од составот од Гевгелија.

Партизан единственото водство на натпреварот го имаше на почетокот при резултат 2:3, а во продолжението сè беше во знакот на тимот од Автокоманда. Кон средина на првиот дел веќе беше со високи пет гола предност за Металург Ра, 10:5, а таа разлика беше актуелна и на полувреме кога беше 13:8.

И второто полувреме продолжи во ист стил, предноста на Металург Ра растеше од минута во минута и достигна највисоки десет гола. На овој дуел Партизан немаше никакви шанси да го загрози противничкиот тим и мораше да се помири со пораз.

Најефикасен во победничкиот тим беше Иван Андреевски со осум гола, а Димитар Ристовски постигна седум. Во тимот на Партизан, Тодор Узунчев со шест гола беше прв стрелец, а веднаш зад него со пет постигнати гола беше Јован Гетов.

МЕТАЛУРГ РА – ПАРТИЗАН 2016 28:19 (13:8)

Сала: СЦ Борис Трајковски во Скопје. Судии: Стојанче Јовановски и Виктор Андонов од Скопје. Делегат: Саше Ѓорѓески од Гостивар.

МЕТАЛУРГ РА: Димевски 3, Фидановски, Стојанов, Брестовац, Трајкоски 1, Христоски 1, Мелоски 1, Николов 2, Андреевски 8, Ристовски 7, Прцуловски 3, Ацевски, Петровски, Додиќ 1, Мијатовиќ, Тричковски 1.

Седмерци: 3/5. Исклучувања: 6 мин.

ПАРТИЗАН 2016: Костадинов, Љатев, Маренчев 2, Митров, Т.Узунчев 6, Кимов 2, Гетов 5, Р.Узунчев, Јанев, Динев, Џалев 1, Велев.

Седмерци: 2/5.  Исклучувања: 8 мин.