Металург РА игра одлично има четири од четири

Ракометарите на Металург РА продолжуваат со добрите игри и со собирање на бодови во Групата Б од Првата машка лига. Со новата победа само продолжија да докажуваат дека сезонава ќе играат во плеј-офот, а денеска го совладаа составот на Македонија Ѓорче Петров со 39:22.

Кој ќе победи на овој дуел беше јасно и после првото полувреме кога предноста на тимот од Автокоманда изнесуваше шест гола.

После 19:13 за Металург РА веќе стануваше јасно дека противникот тешко ќе може да се врати во игра. Металург имаше контрола и во продолжението од средбата и успеа да одигра на потребното ниво. Тоа придонесе за зголемување на предноста од шест гола до дури 17.

Ова беше и повеќе од доволно за Металург РА да дојде до нов триумф така што останува на врвот на табелата и јасно е дека за првото место ќе се решава на дуелот против Скопје 2020.

МАКЕДОНИЈА ЃП – МЕТАЛУРГ РА          22:39 (13:19)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Наум Танески од Струга и Пеце Стефановски од Охрид. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Неделковски, Димовски, Волкановски, Иванов 1, Сарашов 9, Танев 2, лесански 2, Неделковски 4, Ѓорѓевски, Коцев, Јаневски 3, Никодиновски 1, Ѓиноски, Стојановски, Божиновски, Бајрактаров.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 10 мин.

МЕТАЛУРГ РА: Мијатовиќ, Брестовац, Димевски 5, Фидановски 8, Тричковски, Христоски, Трајкоски, Мелоски 2, Николов 8, Андревски 4, Ристовски 3, Георгиевски, Шкријељ, Прцуловски 2, Петровски 2, Додиќ 2

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 8 мин.