„Металург не смее да се уништи како бренд!“

Само десетина дена откако седна на клупата на Металург, тренерот Игор Котевски се соочува со сериозни проблеми – суспензија на неговата екипа во Суперлигата.

Македонската ракометна легенда вели дека не зазема страни, но смета дека тимот од Автокоманда е бренд кој не смее да згасне.

„Ова што се случи сите нè зачуди! Во Србија имаше војна 20 години, но Партизан и Црвена Звезда никој не ги згасна – тоа се спортски брендови, амбасадори. Така е и со Металург – петкратен шампион на Македонија, двапати играл четвртфинале во ЛШ и го пробивал европскиот пат и за другите. Екипа чии играчи биде дел од националниот тим и постигнале најголем успех со репрезентацијата на големи натпреварувања. Реков, не го бранам Металург, клубот си има долгови и обврски кои треба да си ги подмири, но тоа не значи дека треба да се уништи како бренд! Напротив треба да му се помогне. Истото ќе го кажам и за Вардар и за Пелистер. Релевантните фактори во државата треба да помогнат Металург да опстои. Тоа е клуб кој има минато и треба да има и иднина. Човек кој не си го знае минатото не може да има иднина во животот. Потребна е помош, да се остави простор клубот да излезе од кризата. Традицијата и искуството се работи кои не се купуваат, а Металург со години градел традиција. Ја победил Барселона во Скопје, дал играчи како Мојсовски, Миркуловски, Димовски, Георгиевски – ракометари кои играле и за клубот и биле петти во Европа со репрезентација – тоа не може едноставно да се прегази. Треба време и простор да си ги реши проблемите, но треба да се има и толеранција. Најлесно решение е да се згасне клубот“, вели тренерот на Металург, Игор Котевски.

Викенд – интервјуто со Котевски прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ИГОР КОТЕВСКИ: Металург е борец, како мене – заедно од дното кон нов почеток!