Металург најде десно крило: Златко Хорват доаѓа во Автокоманда!

Металург донесе големо засилување за следната сезона. Долгодишниот капитен на Загреб, Златко Хорват е нов играч на тимот од Автокоманда.

Му беше понуден договор од страна на хрватскиот првак, а тој не го прифати. Металург го имаше во комбинација и Георгиевски, но откако тој се реши за Вардар, беше активиран планот Б.

Хорват е ракометар што целата кариера ја мина во Загреб и ова за него ќе биде прв интернационален предизвик.

Претходно на тимот од Автокоманда му пристапија Момир Рниќ, Никола Потиќ и Бранко Канкараш, па Металург со сигурност ќе биде сериозен конкурент на Вардар и Еурофарм Пелистер за домашните трофеи, како и на европска сцена.