Металург и Шилегов ја продолжија соработката

Екипата на Металург продолжува да го гради тимот за новата сезона, а покрај тоа што се носат нови ракометари, се договара продолжување на соработката со дел од играчите кои и во минатата сезона настапуваа за Металург.

Следен кој ја продолжи соработката е Мице Шилегов. Десното крило на „металурзите“ се обврза на нов договор кој е на една година, со можност после истекот да биде продолжен за уште една доколку постои заинтересираност од двете страни.

Шилегов минатата сезона ја делеше минутажата со Реваз Чантурија, а во новата сезона на ова место ќе биде заедно со репрезентативецот на Хрватска, Златко Хорват кој потпиша за Металург пред неколку дена.

Инаку, Шилегов е веќе неколку сезони во Металург, а беше дел од репрезентацијата која во 2017 година се пласираше на 6. место на Светското првенство во Алжир.