Металург има опција за нов голман: Чаневски може да се врати во Автокоманда

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски си заминува од Битола на крајот од оваа сезона и тој е во потрага по нов клуб така што веќе се споменуваат опциите за новата сезона.

Металург е тимот кој е најсериозен кандидат за негов ангажман, но останува во следниот период да се искристализираат работите.

Засега е јасно дека Металург е заинтересиран за во своите редови да го види голманот, кој своите почетоци на кариерата ги имаше во оваа екипа откаде што се пресели во Вардар. Сега Чаневски добива шанса за одново да се врати во тимот од Автокоманда и да се покаже во далеку подобро издание.

Според информациите на 24 Ракомет останува да се изјасни и ракометарот дали би сакал да се врати во тимот на Металург, а потоа ќе биде познато и за тоа дали ќе дојде до договор и какви бибиле условите во него.

Чаневски во последните пет години е дел од тимот на Еурофарм Пелистер и учествуваше во градењето на овој тим. Има 33 години и се наоѓа во одлични голмански години така што би бил одлично засилување за тимот со кој ќе се договори.