Металург загуби од Кретеј

Тимот на Металург, кој се подготвува во Франција, ја одигра и својата втора средба на француската турнеја. По поразот од Ним, момците на Зоран Кастратовиќ загубија и од Кретеј со 25-30.

Металург ги нема на располагање Марио Танкоски, Мартин Серафимов и грузиските репрезентативци, па затоа беа лимитирани со можноста сериозно да се спротистават на силниот Кретеј.

Кастратовиќ во првиот дел им даде шанса на ракометарите со помала минутажа, па противникот направи разлика што беше тешко да се брка во второто полувреме.